Во средината на декември ВМРО ќе ги објави имињата на техничките министри

5

Опозициската ВМРО-ДМПНЕ сѐ уште не одлучила кои ќе бидат нивните предлози за министри во техничката Влада. Таа би требало да започне да работи од 3 јануари ако на 12 април се одржат договорените предвремени парламентарни избори. Лидерот на партијата, Христијан Мицкоски, за Алсат изјави дека предлозите за технички министри и заменици-министри ќе се знаат во втората половина од декември.

„Дискутиравме само за процесот којшто следува. Не сме дискутирале сѐ уште за имиња. Во моментов во партијата трае процедура на испитување на јавното мислење за имиња во одделни општини за кандидати за пратеници. Во моментов сме во таа фаза. Инаку, втората половина од декември месец ќе има јавноста информации за тоа кои ќе бидат имињата коишто од ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат предложени за технички министри, заменици-министри итн“, рече Мицкоски.