Во тетовската болница починаa десет пациенти болни од ковид – 19

210

Десет пациенти болни од Ковид 19 починаа во изминатите 24 часа во тетовската болница.

– Бројката на лица кои барале преглед или контрола е 245 луѓе. Примени се 18 луѓе на болничко лекување. Вкупно на лекување има 120 луѓе од кои 118 се на кислородна поддршка, информира координаторот на Ковид центарот, доктор Гзим Нуредини.

Од хоспитализираните 120 пациенти, девет имаат примено една вакцина, а тројца пациенти двете дози.