Во Торонто промовирани делата на Лу Влашо, Душан Ристевски-Македон и Славе Катин

4

 

Во организација на Литературното друштво „Браќа Миладиновци“ од Торонто, вчера се одржаа промоции на делата „Aмерикански син на Македонија“ од Лу Влашо од САД, „Творештвото на Славе Катин“ од Душан Ристевски-Македон од Сиднеј, и „Силјан Мицевски“ од Славе Катин од Северна Македонија.

Како што информираат организаторите, настанот се одржал во Катедралната македонската православна црква „Свети Климент Охридски” во Торонто, Канада.

Монографското дело „Aмерикански син на Македонија“ е посветено на Лу (Илија) Влашо, кој е еден од првите членови на организацијата „Обединета македонска дијаспора“ од Вашингтон и се залага за афирмација на етничка Македонија.

Второто проширено издание на делото „Творештвото на Славе Катин“ е посветено на „Наградата за животно достигнување“ (2022), за Славе Катин од организацијата „Обединетата македонска дијаспора“ (ОМД) од Вашингтон, за постигнувањата на полето на дијаспората.

„Силјан Мицевски“ е дело на Славе Николовски-Катин во коавторство со Ѓорѓи Лумбуровски.