Во три одвоени случаи спасени 116 бегалци и мигранти во Грција

12

Атина, 29 октомври  – Во близина на Александруполис и на островите Фармакониси и Самос, во три одвоени случаи, грчката крајбрежна служба, утрово спасила вкупно 116 бегалци и мигранти, кои со чамци од турското крајбрежје се упатиле кон Грција, jави дописничката на МИА од Атина.

Во морскиот дел во близина на Самос биле пронајдени и спасени 47 бегалци и мигранти, кои биле пренесени на пристаништето на островот.

Во вториот случај, југоисточно од островот Фармакониси биле спасени 42 странски државјани, додека пак на две наутички милји од југозападно од Александруполи бил пронајден чамец со 27 бегалци и мигранти.