Во Турција згаснати 152 пожара, уште 11 се активни

2

Во Мармарис е забележана рекордно висока температура од 45,5 степена Целзиусови, соопшти Пакдемирли

Во Турција се згаснати 152 пожара, а продолжуваат напорите за гаснење на уште 11, изјави министерот за земјоделство и шумарство Бекир Пакдемирли, пренесува Бета.

Министерот соопшти дека во борбата против пожарите се вклучени 16 авиони, девет беспилотни летала, 51 хеликоптер, градежна опрема и 5.200 луѓе, пренесе Анадолија.

Од пожарите директно се погодени 2.219 земјоделци во пет провинции, 18 дистрикти и 78 села.

Во Мармарис е забележана рекордно висока температура од 45,5 степена Целзиусови, соопшти Пакдемирли.

Како што соопшти министерот за внатрешни работи, Сулејман Сојлу, поради пожарите досега се евакуирани 16.603 граѓани од 3.219 донаќинства од 28 населби.

Најмалку осум лица ги загубија животите во пожарите во Турција кои избувнаа во средата на 28 јули во 38 провинции.