Во Украина рекорден број на новозаразени, во еден ден 1.197 случаи

10

Украина денеска објави рекорден дневен број од 1.197 новозаразени лица од коронавирус.

Бројот на заразени нагло се зголеми во последните два месеца по постепеното олеснување на мерките што започнаа кон крајот на мај.

Министерот за здравство, Максим Степанов, изјави дека изминатиот ден 284 лица биле хоспитализирани, што исто така пратставува рекордна бројка.

„Можеме да ги наметнеме сите ограничувања, можеме да зборуваме за правила и да ги воспоставиме, но ништо од тоа ќе нема смисла доколку не се почитуваат“, рече Степанов на брифингот што го пренесуваа повеќе телевизии.

Вкупниот број на заразени во земјата се искачи на 68.794, бројка во која се вклучени и 1.673 смртни случаи и 38.154 опоравени лица, заклучно со 30 јули.

Украинската влада неделава мерките ги продолжи до 31 август, барајќи луѓето да носат маски и да одржуваат физичко растојание во рестораните и јавните места.