Во уривање на хеликоптер во Тајван загина шефот на војската (ВИДЕО)

7

Шефот на тајванската војска Шен Ји Минг и уште седум луѓе загинаа утринава во несреќа на воен хеликоптер, соопшти министерството за одбрана на Тајван.

https://www.youtube.com/watch?v=eCqj9bbArfw&feature=emb_title

Пет луѓе ја преживеаја несреќата која се случи во планините во близина на главниот град.

Хеликоптерот летал од Тајпеј кон североисточниот град Илани кога се урнал.

Началникот на генералштабот на тајванската војска, генералот Шен Ји Минг бил задолжен за одбрана на островот од Кина, која се заканува со воена сила и припојување на островот кој го смета за своја територија.