Во Франкфурт слета првиот авион со луѓе евакуирани од Авганистан

2

Во Германија изутринава пристигна првиот авион со 130 луѓе евакуирани од Авганистан. Уште голем број луѓе евакуирани од Кабул чекаат во Ташкент, Узбекистан.

Авионот А400М на германскиот Бундесвер го почна воздушниот мост на спасување Германци и Авганистанци во вторникот (17.08) и веќе апсолвираше неколку летови до Ташкент, Узбекистан. Оттаму дел од евакуираните луѓе беа префрлени во Германија со Ербас А340 на Луфтханза. Авионот слета во Фрнакфурт рано изутринава.

Во меѓувреме, во Ташкент слета третиот авион на Бундесверот, кој од Авганистан пренесол 139 луѓе, соопшти германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас. Луѓето оттаму во текот на наредните часови треба со авиони на Луфтханза да бидат префрлени во Германија.

Германската авиокомпанија, во договор со германската влада, ќе апсолвира и летови за евакуација од Доха во Катар, а можеби и од другите држави кои се до Авганистан, соопшти портпарол на Луфтханза. За наредните денови се планира неопределен број на летови.