Во функција апликација за пријавување на гласачи кои се во изолација

7

Слаб е интересот за пријава на граѓани кои се во изолација, а кои сакаат да гласаат на претстојните Предвремени парламентарни избори 2020. На пример, во Штип до вчера беа пријавени само двајца граѓани, кај кои на 14 јуни (вторник), специјално формираните избирачки одбори, соодветно опремени, ќе можат да дојдат во нивните домови и да го го регистираат гласот на луѓето во изолација.

Државната изборна комисија на својата вчерашна седница објави дека по однос на пријавувањето за гласање на овие лица, овозможено е покрај постојните начини за пријавување истото да го направат и преку апликацијата https://izolacija.sec.mk.

Апликацијата е едноставна и по пример на проверка на Гласачкиот список, се влегува со внесување на единствениот матичен број (ЕМБР) на граѓанинот. Меѓутоа, потоа треба при регистрација покрај копија од личната карта, задолжително да се достави и копија од решението за карантин или самоизолација издадено од Државен санитарен и здравствен инспекторат.