Во Хрватска од Ковид-19 починаа 21 пациент, новозаразени само 68

19

Во последните 24 часа во хрватска се направени 2.134 тестирања, а само 68 биле позитивни на корона вирус.

Сепак, од последиците од Ковид-19 починаа 21 пациент.

Во болница се лекуваат 951 пациент, од кои 86 на репсиратор.

Активни се 2.002 случаи. Од почетокот на пандемијата во Хрватска се регистрирани 237.725 заразени со корона вирус, а починаа вкупно 5.339. Оздравеле 230.384 лица.

Вкупно се тестирани 1.268.323 лица.