Во Хрватска 341 нов случај на коронавирус

4

Во последните 24 часа во Хрватска е потврден 341 нов случај на коронавирус од 4.172 тестирани. Тројца пациенти починале.

Како што објавија хрватските медиуми, починатите имале хронични болести.

Бројот на активни случаи е 2.587. Меѓу нив, 299 пациенти се на болничко лекување, од кои 24 се на респиратор.

Од 25 февруари, кога е потврден првиот случај на коронавирус во Хрватска, потврдени се 12.626 случаи, од кои 206 починале, а 9.833 оздравеле.

До денеска се тестирани 201.138 лица.