Во Црна Гора се објавуваат имињата на луѓето кои се во самоизолација

6

Националниот координациски тим за заразни болести на Црна Гора, како што соопшти владата во Подгорица, во согласност со Агенцијата за заштита на личните податоци, ги објавува имињата на луѓето на кои им се издадени решенија за самоизолација во времетрањето од 14 дена.

Имињата се објавени пред полноќ на страницата на владата на Црна Гора и поделени според градовите.

Ова е со цел на оние кои им е изречена оваа мерка, да ја почитуваат, а по информацијата дека дел не ја почитувале и ги напуштале домовите.