Во Чернобил зголемена радијацијата, зошто е тој важен за Русите (ВИДЕО)

0

Руските и украинските сили се бореа за контрола на Чернобил, сè уште радиоактивната локација на најголемата нуклеарна катастрофа во историјата.

Нашите бранители ги даваат своите животи за да не се повтори трагедијата од 1986 година“, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Но зошто некој би сакал нефункционална нуклеарна централа опкружена со километри радиоактивна земја?

Одговорот е географски: Чернобил се наоѓа на најкратката рута од Белорусија до Киев и затоа е на логичната линија на напад на руските сили.

Со заземањето на Чернобил, велат западните аналитичари, Русија го користи најкраткиот пат за да стигне до главниот град на Украина.

„Тоа е најкраткиот пат од точката А до точката Б“, вели аналитичарот Џејмс Актон.

„Чернобил нема воено значење“, но е на најкратката рута од Белорусија до Киев, потврди поранешниот началник на американскиот Генералштаб Џек Кин.

Ако сакаат да го заземат Киев, Чернобил е дел од планот, додаде тој.

Руската војска утрово потврди дека ја зазела нуклеарната централа Чернобил и дека војниците склопиле договор со тамошните украински сили.