Во 22 училишта во Белград утрово серија дојави за бомби, учениците и вработените се евакуирани

36

Дваесетина средни училишта и гимназии во Белград добиле циркуларна електронска порака за поставени бомби, за која веднаш било известено Министерството за внатрешни работи (МУП) и Безбедносно информативната агенција (БИА), соопшти Министерството за образование.
Од утрово пријави за бомби има во пет училишта – Медицинското во Звездара, Градежното, Првата белградска гимназија, 14-та белградска гимназија и економското училиште во Бараево.
Учениците и вработените се евакуирани на безбедно, додека полицијата и нејзините стручни служби не ги проверат наводите, се наведува во соопштението.
„Слична ситуација се случи пред неколку дена во соседна Црна Гора. „Нашата полиција прво ќе ги испита заканите, а децата и вработените нема да бидат вратени во училниците додека полицијата не потврди дека е безбедно, што е приоритет“, изјави првиот вицепремиер и министер за образование, наука и технолошки развој Бранко Ружиќ.
Извештаите за бомби се појавија во уште четири училишта, во Железничкото техничко училиште, гимназијата во Грочка, стоматолошката школа во Звездара и училиштето ПТТ во Палилула.
Во Медицинското училиште Звездара утрово околу осум и пол непознато лице пријавило дека во училиштето има бомба.
„Во седум и пол само дојдоа и ни рекоа да излеземе од училиште. А, директорката само ни рече да се повлечеме и во случај да се случи нешто, да не бидеме блиску. Прво дојдоа двајца полицајци со автомобил, а сега уште двајца со комбе. Сите стоиме пред училиштето“, се наведува во една објава на Инстаграм станицата- „Србија во живо“.
Ружиќ изјави дека полицијата ќе ги испита заканите, а децата и вработените нема да бидат вратени додека не биде безбедно.