Вработена во МЕПСО го оштетила буџетот на компанијата за над 360.000 евра

46

Управата за финансиска полиција поднесе Кривична пријава против К.Г., во својство на член на Управен одбор на АД МЕПСО во периодот од 24.06.2009 до 17.02.2016 година и одговорен проект менаџер за имплементација на компјутеризиран деловен информациски систем за несовесно работење со што ја оштетила компанијата за над 360.000 евра.

„Пријавената К.Г., во својство на одговорен проект менаџер за Пакет 14 – Набавка и имплементација на компјутеризиран деловен информациски систем (БИС) финансиран од заемот на Светска банка – ECSSE APL – 3 Macedonian project, во 2016 година, несовесно постапила во вршење на своите овластувања и должности, на начин што потпишала и потврдила прием и имплементација и овозможила плаќање на Бизнис информациски систем, набавен од Конзорциум Кинг ИЦТ ДООЕЛ Скопје и Кинг ИЦТ ДООЕЛ Загреб, иако испорачаниот систем не бил функционален, односно не бил изработен согласно техничките спецификации, одделни модули давале погрешни податоци и извештаи, договорените и платени продукциски лиценци никогаш не биле инсталирани, ниту пак во гарантниот период презела соодветни мерки и дејствија со кои би се исправиле сите недостатоци и купениот софтвер би се интегрирал целосно согласно договорените спецификации и на тој начин го оштетила буџетот на АД МЕПСО за износ од 22.215.675,00 денари“, соопшти Управата за финансиска полиција.