Вработените во Форд Моторс до јуни 2021 ќе работат од дома

44

Како што пренесува Си-Ен-Ен, Форд, една од најголемите автомобилски компании во САД, денес им соопшти на вработените во канцелариите дека ќе ја продолжат работата од дома.

Имено, вработените во таа компанија работат од дома од март годинава, а сите вработени од Северна Америка ќе продолжат да работат од дома до јуни 2021 година.

Компанијата се наоѓа во југоисточниот дел на Мичиген, САД и има приближно 32,000 канцелариски службеници низ САД.

Портпаролот на компанијата Даниел Барбоса изјави дека околу 26 000 работат во Мичиген.