Вработените од Управата за водење на матичните книги на протест, сообраќајот во Центар ќе биде блокиран

0

Вработените од Управата за водење на матичните книги, кои од минатата недела штрајкуваат, најавија дека утре (5 мај) ќе одржат протест од 15 до 17 часот пред Министерството за правда, каде што ќе бидат блокирани улиците.

Независниот синдикат на Управата бара донесување колективен договор на ниво на работодавец, линеарно покачување на платите за 30 отсто и подобрување на условите за работа.

Претседателот на Независниот синдикат на Управата за водење на матичните книги, Тони Милошески, најави дека штрајкот ќе продолжи сѐ до исполнување на барањата.