Време е ЕУ да испорача, вели португалскиот министер за надворешни работи

17

Португалија ќе се обиде да ги закаже првите Меѓувладини конференции со Албанија и Северна Македонија, објави португалскиот министер за надворешни работи Аугустo Сантош Силва, цитиран од ЕУ Обсервер.

– Португалија го започна европско претседателство и започнување на преговори со двете земји е приоритет. Се чини дека ЕК многу бараше од македонската влада. Знаеме дека Северна Македонија ја заврши својата работа, изјави Сантош.

Португалскиот министер за надворешни работи додаде дека сега е време Европската унија да ги испорача ветувањата.

– Сега имаме нова ситуација – прашањата поставени од Бугарија. Мојата цел е да разговарам интензивно со владите и на Северна Македонија и на Бугарија. Бидејќи е многу важно внимателно да ги слушнете аргументите на другата страна. Кога тоа ќе се направи, лесно може да се разбере дека постои заедничка основа врз која може да се работи, заклучи шефот на португалската дипломатија.

Тој изрази надеж дека може да се најде заедничко гледиште.