Време е за финале, Македонија на 90 минути од ЕП!

10

Конечно дојде толку очекуваното финале во Лигата на Нации. Македонската фудбалска репрезентација е на 90 минути до остварување на најголемиот успех во историјата на фудбалот, пласман на едно Европско првенство. Последна пречка пред остварување на големиот сон е Грузија која ќе не пречека во Тбилиси.

Пред двете селекции е најважниот меч во историјата, но само една од селекциите таа историја ќе ја испише со златни букви. Двете селекции се познаваат добро и јас не очекувам некој големи изненадувања од тактички аспект. Никогаш двете селекции немаа играно меѓу себе до пред два месеци, од кога на два пати одиграа 1:1. На првиот меч во Грузија бевме надиграни во секој поглед и тој меч треба да ни биде поука како не треба да одиграме во ова големо финале. Македонија имаше само два удари кон противничкиот гол, а црвениот картон на Муслиу во 64-та минута, никако не смее да биде алиби за таа лоша игра.

Минатиот месец, Македонија беше подобра. И покрај водството на Грузија, македонија и со играч помалку даде гол во 93-та минута и покажа дека има големи шанси пред ова големо финале. На двата меча добивме црвен картон, но овој пат е добро тоа што во Тбилиси ќе има ВАР техннологија и судиските одлуки нема да бидат лесни за носење од прва рака.