Врховниот лидер на Иран: Русија и Иран мора повеќе да соработуваат

0

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи ја поддржа руската специјална операција во Украина, пишува Гардијан.

– Војната е сурова и тешка тема и Иран воопшто не е среќен што обичните луѓе страдаат поради тоа, но во случајот со Украина, да не преземевте иницијатива, другата страна ќе предизвикаше војна со своја иницијатива – рече Хамнеи во вторник во Техеран во разговор со рускиот претседател Владимир Путин.

Иранскиот лидер истакна дека Русија и Иран мора повеќе да соработуваат за да ја намалат моќта на доларот.

Путин се согласи со ставот на Иран дека нема друг избор.

– Никој не е за војна, а загубата на животите на обичните луѓе е голема трагедија, но однесувањето на Западот не принуди да немаме друг избор освен да реагираме – најави рускиот претседател.

Тој изјави дека некои европски земји му потврдиле дека се против членството на Украина во Северноатлантскиот пакт, но дека врз нив бил извршен притисок од Вашингтон.

Рускиот претседател Владимир Путин во Техеран учествуваше во три рунди билатерални преговори и на самитот на Иран, Турција и Русија, кои се гаранти на процесот во Астана за Сирија.