Врчак се враќа на сцената: Снимил нов албум во соработка со менаџерот на Бруно Марс (ФОТО)

46

Раперот Раде Врчаковски – Врчак со своите хитови особено ги одбележа животите на сите во 90тите години, а продолжи и во почетокот на новиот милениум, но за кратко целосно се повлече од сцената и замина во Соединетите Американски Држави. Тој беше еден од предводниците на златните денови на македонската музика, но како што таа го губеше својот квалитет така и него го снемуваше.

За среќа на многумина, Врчак за кратко време најавува нешто ново и нешто големо за неговото враќање на сцената. Тој вчера преку неговиот профил на социјалната мрежа „Фејсбук“ објави дека по завршувањето на здравствената криза ќе ја изненади публиката со нов албум.

Врчак откри дека за новиот материјал соработувал со менаџерот на светски познатиот Бруно Марс. Погледнете ја неговата објава во целост:

„8.15.2019 Нај убавото момче во LA :)))))))) Снимавме producer featuring музички албум во LA со инжињерот на Бруно Марс во PARAMOUNТ STUDIOS – музичкиот албум е американски со артисти од Los Angeles (a има и изненадувања). Пеачите се предобри, велат песните се сон, на аудициите имаше и една девојка која како мала има пеено пратечки вокали на Jenet Jekson.

Инжињерот на Бруно Марс (со кого работев по препорака на моите професори од Беркли) има работено на песни со миљарди гледаност (актуелен е многу, има за Jason Derulo (Swalla, breathing) работено) – вели, како и целиот тим, дека е албумот е еден од најдобрите и најдобро испродуцираните музички албуми што ги чуле во животот, вклучвајки и еден GRAMMY AWARDS номени соработник кои воедно кажа дека текстовите се најдоби музички текстови напишани во Американската музичка историја, велат мегахит по мегахит е цел албум :)))))))) Yea, ALWAYS THE BEST! (јас завршив како почесен скрос одличен студент во Америка high school и на Беркли исто – ме обожаваа професорите – имам среќна звезда)

– Љубовен музички албум е, ќе напишам подетално се на фб ако има време во следен пост. Спремете се за изнедадување идната година по завршување на кризата :))))))))

Идеата за албумот ми дојде на еден преубав летен одмор на море, по една преубава случка. Полн со љубов во пријатните чуства од нај големата организација против робства и злоупотреби на животињата во државата која ме направи HERO против робства на животинчиња – целиот албум го правев од срце и со план секоја една песна да е подобра од секој еден билборд број 1 што беше хит летото – за да дојдам до внимание и да се пренесе порака против робства и злоупотреба на животинчињата world wide со нај големи можни успеси“, истакна Врчак.