Вториот најмоќен човек во Иран убиен по наредба на Трамп

12

Со драматичната ескалација на крвавата борба меѓу Вашингтон и Техеран, Белата куќа објави дека американскиот претседател Доналд Трамп наредил воздушен напад во Багдад во кој загина високиот ирански генерал Касем Сулејмани во раните утрински часови, јавуваат светските медиуми.

Сулејмани, кој ги водеше иранските воени операции во Ирак и Сирија, е убиен додека се враќал од аеродромот во Багдад. Во нападот е убиен и заменик-шефот на ПМУ, Абу Махди ал-Мухандес, близок соработник на Сулејмани.

Неколку минути пред објавувањето на информацијата од официјалните американски институции, Трамп на својот профил на Твитер објави слика на американското знаме, без коментар.

Малку подоцна, Белата куќа соопшти дека воздушниот напад е „одлучувачка одбранбена акција“ спроведена „по наредба на претседателот“.

Иран ја потврди смртта на Сулејмани, велејќи дека САД ќе бидат одговорни за последиците.