Вториот починат турист пронајден на Пирин идентификуван како жител на Австрија по потекло од Северна Македонија

23

 

Бугарските надлежни служби соопштија дека е утврдено оти телото на вториот починат турист пронајден на една од падините под врвот Вихрен на планината Пирин му припаѓа на 55-годишниот Драган Глишиќ, жител на Австрија по потекло од Северна Македонија.

Како што информира бТВ, по речиси 20-часовната спасувачка акција на падините на Пирин, телото на Глишиќ и на вториот починат, 69-годишниот бугарски државјанин Пламен Христов се пренесени на обудкција.

Утврдено е оти Глишиќ и Христов починале како последици на повреди здобиени при пад.

Глишиќ допатувал сам во Банско пред Нова година со неговиот автомобил со австриски регистарски таблички. Според неговиот пријател Горан Безениќ, тој и Глишиќ се познаваат од деца и често патувале низ Европа. Безениќ посочува дека Глишиќ претходно бил службено во земјава, од каде заминал на скијање во Банско.

Бугарските медиуми посочуваат дека останува мистерија како телата на двајцата починати завршиле едно до друго, имајќи пред вид дека според расположливите информации тие не се познавале и Глишиќ немал пријатели во Бугарија.

Јавното обвинителство на Бугарија започна предистражна истрага за смртта на Глишиќ и Христов.