Втор ден Преспа Форум- Ресетирање на синергијата ЕУ-САД кон Западен Балкан

17

На Вториот ден од Преспа Форумот ќе се одржат две пленарни сесии на високо ниво а на кои учествуваат претседателите на РСМакедонија, Словенија и на Црна Гора, Стево Пендаровски, Борут Пахор и Мило Ѓукановиќ како и премиерите Зоран Заев, на Србија Ана Брнабиќ, на Косово Албин Курти, на Албанија Еди Рама и претставникот на Босанското претседателство, Зоран Тегелтија.

На овие два панели исто така ќе учествуваат високи актуелни и поранешни претставници на Американската и на Европската администрација како Помошникот државен секретар на САД за Европа и Евроазија своевремено амбасадор во нашата земја и докажан пријател, Филип Рикер,поранешниот еврокомесар за преговори за проширување на ЕУ Јоханес Хан, Томас Е. Гарет од Заедницата на Демократи поранешен член на Американскиот Републикански Институт (ИРИ) , Францускиот сенатор Ален Ришар и поранешен Министер за одбрана на Франција,натаму Мајлинда Брегу Генерален секретар на Советот за Регионална Соработка со седиште во Сараево и други.

„Ресетирање на синергијата ЕУ-САД кон Западен Балкан“ е темата во чиј дух ќе се одвиваат двата панели на високо ниво а во кои дискусиите би се движеле околу реобновувањето на Трансатлантското партнерство како гарант на мирот во Европа и во регионот на Западен Балкан, за зацврстување ан Европската перспектива во Регионот , за успесите и предизвиците со кои се соочува регионот, како и за начините за заедничка соработка во интерес на управувањето со регионот.

Дводневниот Преспа Форум ќе заврши со Прес Конференција, на која ќе бидат соопштени впечатоците од дискусиите на оваа најголема досега Меѓународна Конференција воопшто организирана во Македонија.