Втор најлош ден по бројот на заболени од корона во Хрватска

195

Вчера во Хрватска бил вториот најлош ден од појавата на коронавирусот по бројот на новозаразени.

Најголем број регистрирани имало на 1 април, кога позитивни на инфекцијата биле 95 лица, додека во текот на вчершаниот ден се забележани 95 новозаболени.

Директорот на Хрватскиот институт за јавно здравје Крунослав Цапак смета дека ова не е втор бран, туку дека е првиот бран на коронавирусот кој воопшто не запрел. Тој ги демантира тврдењата дека вирусот станал помалку опасен, укажувајќи дека за тоа се уште нема никакви научни докази.

Епидемиологот Бранко Колариќ од Заводот за јавно здравје на Загреб смета дека по успехот кој Хрватска го имаше по т.н. прв бран, се случува нов пораст кој се должи на намалувањето на рестриктивните мерки и отворањето на границите.

„Речиси го елиминиравме вирусот од нашата популација, но се отворивме и имаме увоз на вирусот, кој сега се пренесува и локално“, вели Колариќ.