Втор случај во Хрватска, во Италија заразено 4 годишно девојче

6

Регистриран е втор случај на коронавирус во Хрватска. Во Загреб заразено е 26-годишно лице, брат на првиот заразен со овој смртоносен вирус. Првиот пациент заразен со коронавирусот бил на фудбалски натпревар во Милано пред неколку дена.

Во инфективната клиника во Загреб во моментов три лица се испитуваат на коронавирус. Вонредна ситуација е во Сплит каде што брод пристигнал од Анкона.

Девојче кое има само 4 години е заразено со коронавирус во Италија, пренесуваат локалните медиуми денеска.

Доаѓа од местото на Кастиглионе де Ада во Ломбардија, едно од десетте места во црвената зона.

Девојчето е во болница и има благи симптоми на грип, но не е во сериозна здраствена состојба.

Од четиринаесетте заразени лица со коронавирус во Франција од почетокот на светската здравствената криза, досега едно лице почина, единаесет лица се излекувани, а вчера се регистрирани два нови случаи, јави дописникот на МИА.

Турција ја затвори границата со Иран како мерка против ширење на коронавирусот, пишува весникот „Дејли Сабах“.

Во Иран се регистрирани 43 заразени случаи, од кои досега починале осум лица.

Бројот на починати од новиот коронавирус во Кина продолжува да се намалува, јавија светските агенции повикувајќи се на информации од кинеските власти.
Националната здравствена комисија соопшти дека вчера од вирусот починале 52 лица, наспроти 71 во понеделникот.