Вулин: Приемот на Косово во НАТО е директна закана за Србија со оружен конфликт

49

Министерот за внатрешни работи на Србија Александар Вулин изјави денес дека приемот на Косово во НАТО пактот би бил „директна закана за Србија со оружен конфликт“, наведувајќи дека со тоа би била прекршена Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на Обединетите нации, но и на Повелбата на светската организација.

„Сакате од Косово да направите членка на НАТО без да биде исполнет ниеден стандард, а мапата на патот за НАТО е покомплицирана отколку за Европската Унија. Ако сето тоа го прескокнете само ги подготвувате да им дадете можност да ги нападнат Србите, да ја провоцираат државата Србија до границата дека таа не може да одговори“, кажа Вулин.

Како што наведе, „тогаш би кажале дека според Членот 5 на НАТО нејзината членка мора да биде чувана па – ќе ја бомбардирате Србија“, додавајќи дека не би имало друга причин да се прими Косово во НАТО.