Вухан ги тестира своите граѓани откако повторно се појавија случаи на коронавирус

4

Кинескиот град Вухан, каде прв пат се појави коронавирусот кон крајот на 2019-та година, повторно ќе ги тестира своите граѓани откако беа откриени неколку нови случаи, пренесува Би-Би-Си.

Во градот од 11 милиони жители беа соопштени три нови случаи, откако делта варијантата се појави минатиот месец на источниот дел на Кина. Последниот случај на Ковид-19 во Вухан беше објавен во мај минатата година.

Властите од градот веќе започнаа масовно да ги тестираат своите жители.