Вучиќ ги откажа сите предизборни собири на СНС

16

Поради коронавирусот, претседателот на Србија, Александар Вучиќ, ги откажа сите предизборни собири на Српската напредна партија до 1 април, објави Б92.

Во Србија во тек е предизборна кампања за парламентарните, локалните и покраинските избори кои се закажани за 26 април.

Досега во Србија се потврдени 12 случаи на коронавирус. Државниот врв денеска ќе одржи средба со претставници на службите за сузбивање на ширење на вирусот.

Вчера српската влада донесе одлука привремено да им се забрани влез во земјата на лица кои доаѓаат од ризичните региони.