Вучиќ: Загржен сум за се она што следи утре по конституивните седници во Северна Митровица

1

Српкиот претседател Александар Вучиќ изрази загриженост по најавата за утрешните конститутивните седници во Северна Митровица, согласно изборите кои беа бојкотирани од србите на Косово, јави допсиникот на МИА од Белград.

Запрашан за ситуацијата на северот на Косово, тој изјави дека утре во Северна Митровица ќе се одржат конститутивни седници за три општини, „за да изаберат лажни градоначалници за тие општини, што го поддржаа земјите од Квинта, на најлажните избори.“

-Вчера разговарав со Дерек Шоле, Габриел Ескобар и Кристофер Хил. Ситуацијата на северот на Косово е многу тешка. Барам од Србите да го сочуваат мирот, рече тој и додаде дека „се прави атмосфера со која србите би ги напуштиле своите домови“.

Како што рече, може да порача дека „ние ќе бидеме со нив, ќе се бориме заедно за нашиот народ за да опстане“.

– Загрижен сум и за утрешниот ден и за сето она што следува после тој утрешен ден, изјави Вучиќ.