Вучиќ контра Пентагон: Никој во мое име нема да носи одлуки

11

Српскиот претседател Александар Вучиќ порача дека притисоците врз Србија и обвиненијата што доаѓаат од различни страни зборуваат за исправноста и силата на српската политика на самостојност и независност, пренесува „Спутник“.

Прашан за коментар за извештајот на Пентагон и предупредувањето упатено до него поради соработката со Русија и тоа во миг кога од друга страна е критикуван за влошувањето на односите со Русија, Вучич истакна дека одлуките за Србија ќе продолжат да ги носат граѓаните на Србија без оглед на притисоците.

„Тие притисоци и обвиненија од целиот свет – од Америка дека сме блиски со Русите, а некои во земјата зборуваат дека сме против Русите. Јас мислам дека тоа доволно кажува за исправноста и силата на српската политика“, рече Вучиќ и додаде дека силата во нивната самостојност и независност е во тоа што самите носат одлуки.

„Никој во мое име нема да носи одлуки ни во Вашингтон, ни во Брисел, ни во Москва, ни каде било на друго место“, нагласи тој.

Вучиќ додаде дека Србија ќе продолжи да соработува со светот, додавајќи дека наскоро со САД ќе бидат потпишани важни договори за изградба на коридор недалеку од Крагуевац, како и дека ќе отпатува во Сочи на средба со рускиот претседател Владимир Путин.

Медиумите вчера објавија информација за извештајот на Пентагон во кој се оценува дека Србија е најпопустливото опкружување во регионот на Западен Балкан.