Вучиќ: Косово и Метохија се Србија и никогаш нема да биде ништо друго

85

 

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ цврсто застана зад интересот на српскиот народ и изјави дека за него Косово и Метохија се Србија и дека никогаш нема да бидат ништо друго!

Вучиќ на својот Инстаграм профил објави видео од неговата вчерашна изјава дека за прв пат српската страна добила нешто што е „извор на законот“ додавајќи дека КБС не може да оди на северот на Косово без согласност на командантот на КФОР.

„За мене Косово и Метохија се Србија и никогаш нема да биде ништо друго. Се борам и ќе се борам за нашите браќа и сестри“, вели претседателот на Србија во описот на видеото.

Потсетуваме, повеќе од две недели Србите во окупираната косовска територија поставија барикади со цел да ги заштитат српските општини од напади и српските државјани од лажни обвиненија и апсења од илегалната власт.