Вучиќ: Курти го прекрши бриселскиот договор и сака да го наруши мирот

0

Српскиот претседател Александар Вучиќ синоќа го обвини косовскиот премиер Албин Курти дека го прекршил Бриселскиот договор со смена на судијката Билјана Стевановиќ и со подготовка за смена на српските команданти и полицајци и оти „сака да го прекрши мир“. „Курти реши да ја нападне Србија, Курти го прекрши бриселскиот договор и според неговата волја и волјата на оние кои го штитат, бриселскиот договор повеќе не постои“, изјави Вучиќ во видео на Инстаграм.

 

„По налог на Албин Курти, српската судијка Билјана Стевановиќ е отстранета од косовските институции“, изјави тој. Тој додаде дека „разрешувањето на сите српски команданти и полицајци кои биле на седницата на Советот за национална безбедност во Белград било подготвено за денеска. „Тој е тој што сака да го нападне српскиот народ со сите овие одлуки каде и да живее, и на југ и на север на Косово и Метохија“, рече Вучиќ