Вучиќ: „Малиот шенген“ не е политички сојуз, нека се приклучат и другите земји

3

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ пред посетата на Тирана рече дека е задоволен што неговиот колега од Црна Гора ќе земе учество на средбата на лидерите на Западен Балкан со иницијативата „Мал шенген“.

Тој вели дека се надева оти и другите земји ќе се придружат на оваа иницијатива.

– Се надевам дека овој економски сојуз на Србија, Македонија и Албанија во иднина ќе се прошири и ќе направам сѐ за да му укажам на претседателот на Црна Гора и на другите претставници за придобивките кои ќе ги имаат граѓаните од оваа иницијатива – изјави Вучиќ.

Тој додаде дека од оваа иницијатива ќе порасне БДП-то на земјите поради фактот што продуктите ќе бидат поконкурентни, пазарот ќе биде по унифициран, а тоа ќе биде за добро за регионот.