Вучиќ „на нишан“ на насловната страница на НИН (ФОТО)

49

Насловната страница на новиот број на српскиот неделник НИН ги шокирала читателите на весникот бидејќи, како што се наведува, на насловната страница се наоѓа српскиот претседател Александар Вучиќ „на нишан“.

Насловната страница, која беше објавена на Твитер, ја коментираа читателите со порака дека овој број и неговата насловна страница би требало да се повлечат.

И Слободан Георгиев, новинар на БИРН, се огласи на Твитер по повод, како што ја нарече, „скандалозната“ насловна страница.

„Скандалозна насловна страница колеги. Скандалозна. Како што би рекле поповите, простувајте, но, недозволиво“, напиша Георгиев.

„Повлечете го бројот, спасете се од срамот! Ова не им приличи ни на оние мрачни ликови од Голема Србија, а не пак на еден граѓански весник. Неинвентивно и морничаво“, гласи еден од коментарите на утрешната насловна.

Дека насловната страница е непрофесионална и неетичка, напиша и новинарката Ана Новаковиќ од српскиот портал Јавно.

„Па зошто вака!? Зошто!? Ова е неетички и непрофесионално. Му давате повод на Вучиќ да дискредитира сѐ што сте направиле и напишале. Една насловна ќе биде коњот на кој тој победнички ќе јава“, порача таа.