Вучиќ: Ништо не бараме од Македонците, само да бидеме пријатели и браќа

11

Српскиот претседател Александар Вучиќ во свое скорешно обраќање на јавноста посветено на релациите помеѓу нашата земја и Србија изјави дека меѓудрќавните релации се на највисоко ниво.

– Ние сме најголеми пријатели на Северна Македонија, и не бараме од нив ништо за возврат, сем да бидеме пријатели и браќа – изјави Вучиќ.

Оваа изјава на Вучиќ е коментар за неодамнешната анкета на Имиџ опсерваторијата, чии резултати покажаа дека нашите граѓани сметаат дека најголем пријател на земјава е Србија.

Во документот насловен како „Опсерваторијата на влијанието и имиџот на државите” се наведува дека 39 отсто од испитаниците, ја истакнале Србија дека е прв избор на најголем пријател на нашата земјата, додека на второто место е наоѓа САД со 17 отсто позитивени одоговори на испитаниците.