Вучиќ одлета за Париз по насилните протести во Белград и Нови Сад

18

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, утрово замина во Париз и им порача на граѓаните на Србија дека државата ќе го заштити мирот и ги замоли да не се спротивставуваат на „тепачите“, по насилните протести кои траат две вечери по ред во Белград, а вчера имаше исти такви и во Нови Сад.

„Драги граѓани, ви ветив дека ќе можеме да го заштитиме мирот и стабилноста и покрај криминалните хулигански насилни напади од кои сите сме шокирани“, рече Вучиќ во летот за Париз, каде што денес ќе се сретне со францускиот претседател Емануел Макрон.

Спксиот претседател додаде дека „ние сме шокирани затоа што во Нови Сад во 1941 година, кога фашистичките единици на Хорти извршија инвазија, тие не ја оштетија фасадата на зградата на Градското собрание, а тоа го сторија некои луѓе минатата вечер“

“Само што ги замолувам сите наши луѓе во Белград, Нови Сад и другите градови да не се спротивставуваат на тепачите. Ние ќе го сториме тоа како држава. А сега јас летам за Париз и дозволете ми да се борам за нашата земја“, рече Вучиќ во снимка од летот објавена на Инстаграм.