Вучиќ: Од шести март ова е дванаесетти пат како умирам

50

По неколкудневно отсуство во медиумите и во јавноста, претседателот на Србија, Александар Вучиќ беше гостин на ТВ пинк каде зборуваше за шпекулациите дека нешто не е во ред со неговото здравје.

„Се криев на терасата овде во Претседателството, каде што досега не сум бил. Не удира гром во коприва, добро ми е, како што можете да видите. Ова е 12-ти пат како умирам, уште од 6 март. Уште тогаш велеа дека ќе умрам, особено затоа што имам други проблеми“, рече Вучиќ, одговарајќи на шпекулациите дека е заразен со коронавирус.

Тој додаде дека нема да дозволи никој да се поигрува со мирот и стабилноста во Србија.