Вучиќ по состанокот со Тачи и Макрон: Бев реалистичен, но и помалку песимистичен

9

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, по состанокот со францускиот претседател Емануел Макрон и косовскиот претседател Хашим Тачи во Париз, рекол дека Макрон и Европа сакаат да имаат најзначајна улога во решавање на косовското прашање, но дека не дошло до „подлабок состанок“, пренесува Н1.

Вучиќ на новинарите им пренел дека разговорот бил многу „срдечен, добар, отворен и пријателски“ и дека позицијата на Србија е „недвосмислена и непроменета“.

– Сигурно е дека Европа сака јасна улога во понатамошниот дијалог меѓу Белград и Приштина – рекол Вучиќ, истакнувајќи дека ставот на Србија и натаму се однесува на тоа дека прво мора да се укинат таксите, па дури потоа ќе може да дојде до продолжување на дијалогот.

Тој проценил дека Макрон сака да покаже посветеност при решавање на проблемите во Европа.

– Јас бев реалистичен, но и помалку песимистичен – додал Вучиќ.

Во врска со критиките на сметка на иницијативата за „мал Шенген“, Вучиќ рекол дека на Србија и е потребен отворен пазар.