Вучиќ пред сигурна победа на утрешните избори во Србија откако дел од опозицијата најави бојкот

Вучиќ пред сигурна победа на утрешните избори во Србија откако дел од опозицијата најави бојкот

36

Наместо на 26 април, поради епидемијата на коронавирус, Србија утре гласа на редовните парламентарни, покраински и локални избори. Се очекува тие да донесат дополнително зацврстување на позицијата на Александар Вучиќ, особено откако најголемата опозициска група објави дека ќе ги бојкотира изборите, оспорувајќи ја нивната легитимност. Во пресрет на изборите, српската влада ги укина сите рестриктивни мерки. На гласачките места ќе има заштитни маски, ракавици и дезинфициенси за раце, но нивното користење не е задолжително. Српската напредна партија на Вучиќ доминираше во кампањата и се очекува така да биде и на изборите. Вучиќ и неговите партнери велат дека изборите ќе ги бојкотираат само оние партии кои и онака не би добиле доволно гласови за влез во парламентот.