Вучиќ распиша парламентарни избори за 26 април

5

Претседателот на Србија Александар Вучиќ ги распиша редовните парламенгтарни избори во таа земја за 26 април.

„Тукушто во согласност со уставот ги распишав изборите за народните пратеници за 26 парил 2020 година. на сите учесници им посакувам многу успех и на денот на изборите да има демократска атмосфера“, кажа претседателот на Србија.

Вучиќ претходно во обраќањето до јавноста кажа дека ќе има повеќе од 50 дена изборна кампања, па тоа ќе биде една од најдолгите кампањи досега, што, како што истакна, ќе биде доволно време за сите да ги претстават своите програми.

Тој ги повика граѓаните со својата волја да ги изберат своите претставници во парламентот, да гледаат во иднината и да донесат одлука за неа.