Вучиќ: Се комплицира доаѓањето на Лавров во Србија

7

Претседателот на Србија Александар Вучиќ денес рече дека се комплицира доаѓањето на шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, во Белград.

Тој тоа го кажа на меѓународниот Глобсек форум во Братислава.

„Се комплицира, секако се комплицира. Не сум спремен сè уште за тоа да зборувам, но да, се комплицира. Прашање е како ќе дојде… Ќе видиме“, кажа Вучиќ.

На прашањето дали би било лоша вест германскиот канцелар Олаф Шолц да не дојде во Белград, што медиумите го најавија за 10 јуни, Вучиќ исто одговори потврдно.

„Тоа би било трагедија… Па замислете германскиот канцелар да треба да гостува во некоја земја, а да каже дека не сака да дојде или не може да дојде. Нормално дека би било лоша вест“, кажа српскиот претседател.

На прашањето дали е можно тоа да се случи, Вучиќ кажа дека се надева дека нема да се случи.

„Секогаш постои можност, но јас се надевам дека тоа нема да се случи, но ќе видиме. Ќе видиме прво дали ќе дојде Лавров, па ќе видиме. Има тука и реакции на други земји“, кажа тој.