Вучиќ: Се надевам на укинување на вонредната состојба пред крајот на април (ВИДЕО)

Претседателот на Србија Александар Вучиќ кажа денес дека се надева дека вонредната состојба ќе биде укината пред крајот на април.

12

„Едвај го чекам денот и се надевам дека ќе бидеме во позиција пред крајот на месецот да ја укинеме вонредната состојба. Ова е моја надеж, не моја прогноза“, им кажа Вучиќ на новинарите во Ниш.

Укинувањето на вонредната состојба, објасни тој, не значи дека „нема да имаме дополнителни обврски и дека нема да мораме да се однесуваме дисциплинирано“.

Вучиќ најави дека на 28 јуни ќе ги награди со орден лекарите за сите заслуги во борбата против коронавирусот, пренесува Танјуг.

„Овие луѓе ќе влезат во историјата како херои на Србија и затоа сите тие кои беа најхрабри ќе ги одликувам вонредно на 28 јуни на Видовден, со орденот на Република Србија, за заслугите за нашиот народ“, кажа Вучиќ.