Вучиќ: Ѓукановиќ и Курти користат исти зборови

18

Претседателот на Србија Александар Вучиќ кажа дека премиерот на Косово Аљбин Курти ги користи истите зборови како претседателот на Црна Гора Мило Ѓукановиќ кога зборува за поднесување тужба за геноцид против Белград пред Меѓународниот суд на правдата.

„Кај нив сè се сведе на најбрутална кампања против Србија, зборуваат за тужби за геноцид, а кога на тоа ќе им одговориме велат? „Што се буните вие, нема врска тоа со вас туку со фактите на терен. Како да го цитира Ѓукановиќ, или тој Курти, сосема истите зборови ги употребија иако не се слушаа еден со друг“, кажа Вучиќ.

Тој во српското собрание го претстави извештајот за преговорите на Белград и Приштина, истакнувајќи дека пред нив не е лесна задачата.