Вучиќ: Јас сум хронично болен човек

10

Претседателот на Србија, на конференција за медиумите, одговори на коментарите дека новинар на Н1 е виновен за неговото ненадејно заминување во болница.

На прашањето на новинарот на телевизијата Н1 да ги искоментира тврдењата дека новинарот на таа телевизија Миодраг Совиљ е „виновен“ што во петокот попладне беше примен во болница и дали е правилно да се обвинуваат новинарите, Александар Вучиќ одговори: „Никаква врска човекот од вашата телевизија нема со мојата здравствена состојба“.

„Јас сум хронично болен човек“, додаде Вучиќ. Објасни и дека на таа конференција дошол под терапија, целодневна и дека тоа не е никаква тајна.

„Ми пречи кога некој кој би требало да биде новинар ќе каже немој да се бавиш со таа работа ако не можеш да поднесеш – но можам да го поднесам тоа. Се радувам затоа што со тие прашања полесно му ја објаснувам на народот разликата меѓу вистината и лагата“, кажа Вучиќ.

„Значи, мојата здравствена состојба нема врска со Н1. Тоа се мои проблеми. Не сум некој со најдобро здравје, но додека имам енергија ќе се борам. Да не раскажувам сега колкава ми е преткомората, за тоа се потребни години, а не еден ден кој ми донесе толку политичко задоволство“, кажа српскиот претседател.

Кажа и дека никогаш не бегал од прашањата бидејќи „тие му пружаат голема шанса на најдобар начин да ги открие невистините на одредени медиуми и лагите на противниците“.