Вучиќ ќе и помага на Македонија со храна и струја

0

Претседателот на Србија Александар Вучиќ најави дека повторно ќе и помогне на Македонија во рамки на иницијативата „Отворен Балкан“. Тој синоќа на „Пинк ТВ“ објасни дека трите земји од оваа иницијатива треба меѓусебно да си помагаат во месеците што доаѓаат.

Секој секому може да помогне. Може во одредени денови да и помогнене на Македонија во струја и во храна. Постојат различни денови, некој повеќе се ослонува на хидрологијата, кога е добра Албанија може да и помогне на Македонија, понекогаш дури и на нас, објасни Вучиќ.