Вујовиќ им земал на играчите по 300 евра за покер!

5

Веселин Вујовиќ повеќе не е селектор на Словенија откако предизвика голем скандал за време на еден тајм-аут на неговиот тим Загреб.

Искусниот тренер со тешки зборови го нападна Словенецот, Алекс Влах и му рече, „умри, умри веќе за да не те гледам“. Слоенечката федерација не можеше да му прости на Вујовиќ и му даде отказ.

Постојат обвинувања кон Црногорецот дека многу сакал да се коцка, односно да игра покер со своите играчи. Наводно, секој што сакал да игра со него морал да плати по 300 евра партиципација, пишува словенечкиот портал „Екипа“. Преку ова тој си правел круг од популарни ракометари, а оние кои не сакале да учествуваат во покерот биле тргани на страна. Ги казнувал со жестоки тренинзи и за време на натпреварите, како што тоа на своја кожа го почувствува Алекс Влах.

Ова е сериозен напад на репутацијата на Вујовиќ, кој важи за еден од најдобрите тренери на овие простори.