Вујовиќ: Каква срамота, не ни дозволија да го повториме тестот на Борко!

1

Тренерот на Вардар, Веселин Вујовиќ изрази незадоволство откако „црвено-црните” беа исфрлени од завршниот турнир во СЕХА лигата поради еден случај на ковид-19.

Вардар нема да настапи на Ф4 турнирот во Задар, синоќа раководството на СЕХА лигата реши да го исфрли шампионот на Македонија откако еден ракометар бил позитивен на ковид-19.

Ваквиот развој на настаните предизвика големо незадоволство во редовите на „црвено-црните“ а тренерот Веселин Вујовиќ отрки дека дури биле подготвени да настапат и со само 11 играчи, но челниците на СЕХА лигата немале слух.

„Каква срамота. Велат дека само Борко Ристовски е позитивен додека за други 7 ракометари не се поминати 14 дена од втората доза на вакцина, па поради тоа тие се критични. Сакавме да го повториме тестот, но не ни дозволија. Сите имаме ПЦР тестови, ги замоливме повторно да ги направат. Дури сакав да одам со 11 играчи кои имаат потврда за вакцинација, но не ни дозволија ниту такво нешто“ – вели Веселин Вујовиќ.

Местото на Вардар на завршниот турнир во Задар ќе го заземе Загреб.