Вујовиќ: Луѓето остануваат на улица, без работа… овој вирус не ми е логичен

Славниот Веселин Вујовиќ зборуваше за коронавирусот и неговото влијание ширум светот, кој сигурно нема да биде ист кога ќе заврши оваа пандемијата која трае неколку месеци.

21

Црногорецот не гледа логика во начинот на кој што се пристапува во решавање на проблемот нарешен коронавирус.

„Гледам, слушам, мислам со главата и се е многу нелогично. Короновирус заразени и мртви се бројат и крајниот резултат носи помалку мртви од вообичаеното во овој период од годината. На светско ниво, има помалку мртви од короната отколку од „обичниот грип“, што се случува овде?!

Кој со кого си поигрува и зошто веројатно никогаш нема да откриеме?! Признавам дека сум целосно збунет, луѓето се оставени на улица, без работа… Не знам, можеби ќе заборавиме на сето тоа за неколку месеци, но светот никогаш повеќе нема да биде ист…“, смета предводникот на ППД Загреб.

Првиот тренер на хрватскиот клуб важи за човек без влакна на јазикот, кој секогаш кажува она што мисли. Taka беше и овојпат кога се отвори за моменталната ситуација која стави крај на сите спортскi настани на почетокот од оваа година, вклучувајќи го и ракометот.

Остатокот од сезоната во ракометна Европа и натаму е под знак прашалник. ЕХФ потврди дека ќе има завршен турнир, но не и дали ќе се доиграат преостанатите натпревари од нокаут фазата.