Вчеравечер полицијата растури свадба во Арачиново со 200 гости

18

Вчеравечер околу 21 часот полиција прекинала свадба во угостителски објект во скопско Арачиново, пишува Слободен печат.

Притоа интервенцијата полицијата во објектот биле затекнати околу 200 лица.

Свадбите и други семејни веселби и собирања се забранети од почетокот на епидемијата на ковид -19 во земјава, а за прекршителите на овие забрани ќе следуваат соодветни пријави.